Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, пред Велигденските празници спровеле вкупно 181 вонредни, засилени контроли, во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Како небезбедни поништени биле над 31 илјада јајца.

„Од вкупниот број контроли, најголемиот дел, односно 110, спроведени се во малопродажните објекти, а извршени се и 35 контроли на зелените пазари и 36 контроли на сортирници за јајца.
Со контролите констатирано е дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, непоседувале комерцијален документ кој ја следи пратката, во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена, а констатирани се и други недоследности од помал обем. “ – информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од страна на инспекциските служби издадени се 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности, спроведени се 4 едукации и изречени се 4 парични казни.
Извор: АХВ/Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари