Во сабота, 21.04.2018 година во хотелот „Мираж“ во Струга ќе се одржи првата работилница со наслов “ Кажи кој си и почитувај ги другите „ оваа работилница се реалзира во рамките на проектот „ЕДИНСТВОТО ЛЕЖИ ВО РАЗЛИЧНОСТА!“ кој е дел од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.
Учесниците на работилницата ќе се запознаат со многу теми од другите етницитети , нивните традиции, фолклор, готвење и најважнoто, ќе бидат слободни да ja претстават својата култура и да се запознаат со други култури. За учество право да се пријавуваат имаа млади на возраст од 16-22 години.
Организаторите информираат дека на работилницата ќе се споделуваат мислењa и ќе се работат презентации кои на крајот на овој проект ќе може да се презентираат во центарот на Струга.
Оваа активност е дел од проектот „Единството лежи во различноста! “ реализиран од Linking, Engagement, Advocacy and Development, LEAD стипендистката Евиса Хода, а поддржан од проектот на УСАИД за Граѓанско учество.
Strugaonline
Фото: aрхива
Facebook Коментари