Утре започнува шестиот CODEFEST TECH FESTIVAL во Охрид

- Локални
722

Шестото издание на CODEFEST TECH FESTIVAL ќе се одржи во Охрид во период од 20-ти до 22-ри април.

Станува збор за  фестивал кој  веќе има изградено репутација на признаен меѓународен настан кој излегува од локалната заедница во Охрид и ангажира над 700 луѓе во текот на 3 дена полни со богата програма која вклучува  целодневна конференција на која ќе учествуваат иноватори и визионери од глобалната технолошка и стартап сцена, како и работилници кои се отворени за пошироката јавност. Традиционално, и оваа година планиран е  32-часовниот Codefest Marathon, каде што различни тимови ќе развиваат свои идеи и проекти групирани во категориите: Junior, Student и Pro.

Во склоп на програмата,  ќе биде отворен и CFX-Business Expo, односно саем кој ќе се одржува во времетраење од три дена,  на кој ќе се претстават технолошки компании и стартапи од регионот, а ќе функционира и Codefest Community Corner, во кој ќе им биде овозможено на компаниите и стартапите да организираат свој настан во рамките на фестивалот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари