Советот на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ – Струга, одлучи лауреат на големата награда „Книжевна далга“ што ја доделува Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга за 2018 да биде поетот Виктор Шеќеровски.
Наградата се доделува за личниот придонес во афирмацијата македонскиот јазик и на балканските книжевни вредности во светот и за воспоставување нови патишта на соработка.
Лауреатот Виктор Шеќеровски „Книжевна далга“ ќе ја прими за време одржувањето на манифестацијата „Струшки книжевни средби“- 2018 година што по осми пат ќе се одржи во Струга.
Виктор Шеќеровски е поет, есеист, литературен критичар и преведувач. Роден е 1942 година во селото Радожда струшко, Република Македонија.
Дипломирал на Факултетот за организациски науки во Белград. Долги години беше директор на издавачките куќи Графос и Југограф од Белград. Директор е на „Македонскиот информативен – издавачки центар” во Србија.
Шеќеровски пишува на македонски и на српски јазик. Автор е многубројни книги поезија, литературна критика и есеи.
Превел поголем број на книги од македонски на српскијазик и обратно. Член е на Здружението на писателите на Србија и Друштвото на писателите на Македонија. Oдговорен уредник e на списанието за литература, култура и уметност ВИДЕЛО, што излегува на македонски јазик во Србија, а се објавува квартално, како и на списанието „ВИДЕЛИНА“ што излегува на македонски јазик во Панчево – Србија. Директор е и главен и одговорен уредник на Новинско информативниот и издавачки центар за Србија. Добитник е и на голем број награди и признанија – Исељеничка грамота 2008 година на Матицата на иселениците на Република Македонија и на многубројни награди во Србија, Македонија, Бугарија…
Живее и работи во Белград.
Досегашни добитници на високото меѓународно признание „Книжевна далга“ се Мерсиха Исмајлоска (Македонија), Миљурко Вукадиновиќ (Србија), Вања Ангелова (Бугарија) Олга Лалиќ Кровицка (Полска) и Ристо Василевски и Виктор Шеќероски.
Strugaonline
Facebook Коментари