Стружанката Славица Панова доби втора награда на конкурсот за најдобра фотографија на тема „Холандија во Македонија“

- Локални
1658

Славица Панова од Струга е добитник на втора награда на Конкурсот за најдобра фотографија кој секоја година го организира Амбасадата на Холандија во Македонија. Овој конкурс се организира по повод роденденот на Кралот на Холандија, а годинава беше на тема „Холандија во Македонија“.

Учесниците имаа можност на креатиевен начин, преку соодветна фотографија да покажат сличности на двете земји. Славица Панова, која што е професионален фотограф и зад себе има многу награди и признанија се пријави со прекрасен пејсаж и доби вредносен ваучер од 250 евра наменет за фотографска опрема. На конкурсот пријавени биле 250 фотографии.

Иако по професија е дипломиран менаџер за туризам, Славица Панова својата љубов и талентот за фотографија сосема вешто ги претвори во професија, а за нејзината успешност зборуваат признанијата.

Доботниците на наградите вклучувајќи ја и Панова, утре ќе се сретнат со Холандскиот Амбасадор. Средбата ќе се одржи во Скопје.

Strugaonline

 

Facebook Коментари