Koнференција на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми во Охрид

- Локални
1057

Европскиот огранок на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми (SWS), Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ на 3 мај 2018 г. во 9:15 ч. ќе одржат прес-конференција  на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Повод е годишната конференција на SWS која оваа година се одржува во Охрид од 30 април до 4 мај. Во рамките на утринската официјална сесија на конференцијата на 3 мај се очекува да се обратат и градоначалникот на Охрид, г. Јован Стојаноски, потпретседателот на Македонскиот Рамсарски комитет и претставник на МЖСПП, г. Александар Настов и деканот на ФТУ, г. Цветко Андреески.

На Конференцијата се собраа околу педесет еминентни експерти за блатни екосистеми од целиот свет со цел да разменат најнови информации за состојбата на блатните екосистеми, да понудат решенија за предизвиците кои современото управување со земјиштетото и урбанизацијата ги наметнува врз нив, за жал запоставени, но сепак суштински делови на нашата животна средина. Вредноста на природното богатство на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато, каде SWS ја одржува оваа годинешна средба, тешко дека може да се надмине.

Во текот на Конференцијата ќе може да се чујат повеќе од 30 трудови во кои е јасно одразена улогата на блатните екосистеми и вредноста која тие ја имаат преку обезбедување на биолошката разновидност и услугите кои ги нудат. Екосистемските услуги даваат исклучителна можност за развој на регионалната економија преку одржлив развој на (еко)туризмот и едукација на јавноста. Затоа, заштитата и ревитализацијата на ова природно богатство треба да има највисок приоритет.

За време на Конференцијата е предвидена и посета и проценка на состојбата на Студенчишко Блато. Еден од многу важните документи кој ќе произлезе од оваа Конференција е Декларацијата за заштита и ревитализација на Студенчишко Блато и Охридското Езеро на која членовите на SWS ќе ја предложат за гласање на завршната сесија од вториот конференциски ден (3 мај).

Strugaonline

 

Facebook Коментари