Утре цел Охрид ќе биде без вода

- Локални
1058

Од вечерва после полноќ и во текот на утрешниот ден Oхрид ќе биде без вода за пиење.

-Се известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид, дека утре  ќе се спроведе голема акција која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти.
Поради комплексноста и сложеноста на активностите ќе има целосен прекин во водоснабдувањето на територијата на Општина Охрид, почнувајќи од 01:00 часот по полноќ на 03.05.2018 год па се до 19:00 часот вечерта.-стои во соопштението
Од  МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид  ги замолуваат  корисниците навреме да се снабдат со вода за пиење и други потреби.

Strugaonline

Facebook Коментари