Црвен крст на Република Македониjа-Општинска организација Струга и оваа година се вклучи во одбележување на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина под мотото „Секогаш за секого“, со цел да им се заблагодари на своите членови и волонтери за придонесот и постигнувањата за кои се тие заслужни.
„Мотото на годината беше „Насмевка“ со цед да им гоподобриме секојдневието на лицата со посебни потреби, старите, изнемоштени и социално загрозените. Одлучивме да направиме јавен настан во кој заедно со вработените и волонтерите презентиравме активности од Прва помош и запознавање со мисијата на Црвен крст“. – изјави за Strugaonine Адхуриме Даути – секретар во Црвен крст- Струга.
Овој настан беше реализиран и на македонски и на албански јазик во Паркот на градот Струга. Оваа недела е Недела на Црвен крст и Црвена полумесечина, затоа Црвен крст ќе продолжи со активности, за информирање на јавноста околу планираната мисијата и предвидените активности ќе бидат поделени флаери низ градот.
Strugaonline
Facebook Коментари