Претставата „Наследство“ во режија на Ристе Миладинов во сабота ќе се игра во Струга

- Локални
959

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сабота, 12-ти мај 2018 г., со почеток во 20:00  часот, драмското студио „Миладин“  ќе ја одигра претставата „Наследство“. Станува збор за трагедија во режија на Ристе Миладинов.


Во неа играат: Зоран Симоноски, Ристе Миладинов, Љубица Дуноска, Бојан Крстески, Јован Затуроски, Деспина Јулоска, Марија Анѓелкоска, Сара Стефановиќ и Илија Ќосески.
Билетите се по симболична цена од 80 денари.
Оваа година се одбележуваат 50 години театарска активност на Ристе Миладин,  во склоп на одбележувањето предвидени се  повеќе драмски активности.

Strugaonline

Facebook Коментари