Пицерија „Ангела“ и ова лето ви нуди вкусна храна и одличен амбиент

- Локални
1840

Пицерија „Ангела“ е синоним за вкусна храна и одличен амбиент во Струга . Шеснаесетгодишното постоење и многубројните задоволни гости доволно зборуваат за тоа дека станува збор за пицерија која знае да ги привлече гурманите со добар вкус.

Прекрасната глетка покрај реката Црн Дрим ова лето со убавина ќе ги „зачини“ и онака  вкусните и оригинални специјалитети подготвени со љубов од страна на врвни мајстори. Не случајно, реномираниот сајт TripAdvisor.com наменет за оценување на угостителски објекти на светско ниво, пицерија Ангела ја рангира со највисоката оценка 10.

Без разлика дали станува збор за пици, паста, пастрмајлии или специјалитети кои се заштитен знак на пицерија „Ангела“ со сигурност ќе бидете задоволни од нивната гостопримливост и посветеност во работата која резултира со задоволни гости. Пицерија „Ангела“ ќе ви приреди лето по ваш вкус.

Strugaonline

фото: Пицерија „Ангела“/ Славица Панова

Facebook Коментари