Екипата на ЖРК Вардар во сабота ќе се „пресмета“ со тимот на Ростов Дон

- Спорт
743

Овој викенд ќе се одиграат фајнл фор натпреварите  во рамки на Ф4-турнирот од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Во сабота со почеток во 15:15 часот играат ЧСМ Букурешт и Ѓер, а тимот на ЖРК Вардар спортски ќе се пресмета со екипата на Ростов Дон во терминот од 18:00 часот.  Љубителите на ракометот и познавачите на овој спорт со нетрпение ги очекуваат овие натпревари.

Првпат, женскиот Ф4 во Лигата на шампионите ќе се пренесува од страна на 22 различни телевизии, а преноси ќе има во 55 различни земји.

Во Македонија натпреварите ќе можат да се следат на националната телевизија. МТВ ќе врши пренос од сите средби, а истите ќе ги има и на Аренаспорт ТВ. Од Европските земји со свои телевизии во Будимпешта ќе бидат Белгија, БиХ, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Франција (преносот ќе се следи и во Монако, Андора, Луксембург, Маурициус, Мадагаскар…), Унгарија, Косово, Црна Гора, Норвешка, Полска, Русија, Словенија, Србија, Словачка и Шведска. Натпреварите ќе ги пренесува и телевизија во САД.
Извор: 24rakomet/Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари