Денеска во Штип беше одбележан Денот на Европа. По тој повод премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Штип Благој Бочварски на градскиот плоштад „Слобода“ го отворија ЕУ Паркот.
Честа да ја отвори оваа свеченост ја имаше хорот од средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга. Членовите хорот со изведување на македонската и европската химна го означија почетокот на манифестацијата.
За членовите на хорот од средното музичко училиште од Струга, отварањето на овој настан претставуваше чест и големо искуство, а професорскиот тим е горд на успешниот настап на своите ученици.
Strugaonline
Facebook Коментари