ЖРК Вардар е во финале, за злато утре играат против Ѓер

- Спорт
758

Ракометарките на Вардар со  победа над екипата на Ростов Дон (25:19)  го обезбедија своето место во големото финале  од Лигата на шампионите . Утре ќе се борат за злато против екипата на Ѓер.

Ова беше важен натпревар кој  ќе остане запаметен по малиот број на голови, посебно во првото полувреме. Може да се заклучи дека Вардарки доминираа во текот на целиот натпревар, а ракометарките на Ростов Дон ниту еднаш не стигнаа до водство. Во првото полувреме отидовме на одмор со 10:7, во вториот дел брзо стигнавме до 15:9, а потоа следуваше серија од 4:0 на противничките. Полсе топење на предноста, Вардарки брзо се вратија во игра и натпреварот заврши со резултат 25:19. Вистинска sвезда на овој натпревар која заслужено ги доби сите аплаузи е Амандин Лејно со 17 одбрани.

Утре, во терминот од 18:00 часот Вардарки имаат можност за реванш со Ѓер, ако се земе во предвид дека и лани  овие две екипи беа во финале.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари