Beauty Centar „La Domna” слави роденден – пет години убавина и среќни клиенти
Пет години убавина, пет години доверба, пет години релаксација – тоа се вистинските асоцијации за Центарот за убавина „LA DOMNA“- Струга.

Својата успешна приказна ја започнаа на денешен ден во 2013-та година и одтогаш го остваруваат својот но и вашиот сон, затоа што негуваното тело покрај убавина значи и половина здравје. На лицата на нивните клиенти секогаш има насмевки. Станува збор за уникатно катче за убавина и релаксација во нашиот град .

Стручниот тим на Центарот за убавина „La Domna“ нуди масажи, топла и ладна депилација, педикир, маникир, спа, третмани за лице и третмани за слабеење.

Beauty Centar „La Domna” се наоѓа на улица Пабло Неруда, (поранешно Ф1, во Струга.) Закажувањето на третманите се врши на телефон 075 403 900
Strugaonline

