Денеска се одбележува Меѓународниот ден на семејството. Една од главните цели на овој ден е да се подигне свеста дека семејството е најважната единка во општеството. Од исклучителна важност е и на овој ден но и секојдневно на целокупната јавност да и се даде поттик и да се разбуди чувството на хуманост и емпатија. Само на тој начин ќе бидеме корисни општествени чинители кои ќе им помогнат на семејствата кои се соочуваат со економски, општествени и интелектуални проблеми.
Овој датум се одбележува како меѓународен ден на семејството од 20-ти септември 1993.година кога Генералното собрание на Обединетите нации донесе резолуција 47/237 со која се утврдува 15.мај како Светски ден на семејството.
Семејството како заедница е заштитено од Обединетите нации со Универзалната декларација за човекови права, Декларација за општествен напредок и развој и Конвенција за укинување на сите облици на дискриминација против жените.
Strugaonline
Facebook Коментари