Момците од Либеро бенд не престануваат да ја освојуваат публиката со своите енергични и препознатливи настапи. Деновиве тие објавија нивна нова авторска песна со видео-запис.
Песната „Моја“ беше промовирана со видео запис на youtube каналот Facing the sun. Зад текстот се потпишува Марко Маринковиќ-Слаткар, кој заедно со Иван Јованов ја направија музиката за овој летен хит на Либеро. Аранжманот и продукцијата се на Иван Јованов.
Видео-записот го изработи одличниот и докажан режисер Даниел Јовески.
„Моја“ е вистински летен хит кој со сигурност ќе ви се допадне. Со оваа песна бендот најавува нов и модерен звук според светските трендови.
Strugaonline
Facebook Коментари