Поддржан текстот на законот за пензионерско организирање во ЗП Струга
ИО на Здружението на пензионери од Струга на својата последна редовна седница покрај другите точки од дневниот ред ,ги разгледа сите извештаи и забелешки,како и препораките од 14 –те месни разграноци ,четири од градот и десет од руралните средини.

Пензионерите од ограноците беа информирани за извештаите за работата на органите и комисиите и за програмските задачи за оваа година.Посебно беа запознаени со иницијалниот текст на Законот за пензионерско организирање во Македонија,како и за новиот проект на СЗПМ,која 2018 година ја прогласи година на инклузија за стари лица.
Претседателот на Собранието и на ИО Милорад Трпоски,се задржа на донесувањето на Законот за пензионерско организирање,како посебен закон за решавање на прашањата кои се од значење за пензионерите кои се здружуваат во здруженија и сојузи како организациони облици кои имаат големо значење за заштита и унапредување на пензионерскиот живот.Овој посебен закон би решил повеќе прашања од организационен и суштински карактер.Како за пример го зеде членот 5 од Предлог законот за пензионерско организирање кој гласи:„ На подрачјето на општина може да се организира само едно здружение на корисници на старосна,семејна и инвалидска пензија и едно здружение на корисници на инвалидска пензија и едно здружение на Националниот сојуз на инвалидите на трудот на Република Македонија,во кој покрај инвалидни лица може да членуваат и корисници на инвалидска пензија“.
Овој закон кој едногласно беше прифатен,а се истакна дека е во согласност со Уставот и законот на здруженијата.Основните принципи се територијален принцип-подрачје каде што делува здружението-општината,не партиско дејствување,јавност и транспарентност.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Strugaonline

