Лев банер Десен банер

Mузички перформанс „Еволуција на музиката“ овој петок во Струга

 Во петок, 08.06.2018 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде претставен музичкиот перформанс „Еволуција на музиката“
Мултикултурно и мултиетничко соединување преку музички перформанс „Еволуција на музиката од среден век до модерно време“ е проект на Здружението Тактус – Охрид во соработка со Државното Музичко Училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Струга. Овој проект е дел од проектот „Декада на припадност – славење на различноста“ поддржан од Европската Унија, а се имплементира преку Локална Агенција за Развој -Струга и ЗГ Креативни и Активни – Струга.
„Еволуција на музиката“ претставува едукативен музички перформанс во кој се претставува развојот на музиката низ вековите, а во кој учествуваат ученици од различни етнички групи. Целта на настанот е да покаже пример за меѓуетничко разбирање, соединување, дружење, соработка, комуникација и славење на различноста преку универзалниот јазик – МУЗИКАТА.
Почетокот е закажан за 18:00 часот.
Strugaonline

error: