Ќе се дислоцира „Спомен чешма на Ослободителите на Струга – Мороишки мост“

- Локални
1168

Oпштина Струга преку соопштение за јавност ги информира сите граѓани на нашиот град  дека „Спомен чешма на Ослободителите на Струга – Мороишки мост“, врз основа на добиена согласност со бр. 03-24 до датум 31.05.2018 од ОО Сојуз на борци – Струга, ќе се дислоцира на другата страна на патот, односно спротивно од сегашната локација.

„За дислокација на истата е потребно да се интервенира на темелната стопа на споменикот затоа што е со големи димензии и голема тежина. Истиот споменик, неоштетен и со истите историски вредности ќе се поставува на нова армирано бетонска темелна стопа, во рок од еден месец.“ – стои во соопштението кое го објави општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари