За сите љубители на пишаниот збор, од 5-ти до 7-ми јули во Струга ќе се одржи најновото издание на поетската манифестација „Струшки книжевни средби.“ Во рамките на овие средби, и годинава ќе се одржат неколку промоции на книги и портрети, а дел од богатата програма се и Поетското матине во Вевчани, поетскиот хепенинг во Струга како и доделувањето на книжевните награди „Крсте Чачански“, „Јован Котески“, „Книжевна далга“, „Струшко слово“ и „Книжевни бранови“.
Strugaonline
Facebook Коментари