Време: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи во планинските делови

- Македонија
667

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а УВ индексот ќе има вредност 8. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 33 степени.  Утре во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерен јужен ветер.  Кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се движи од 29 до 35 степени, а УВ индексот ќе има висока вредност 9.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари