Струга е домаќин на „Македонски Енергетски Форум 2018“

- Локални
951

Денеска и утре во хотел „Изгрев“  во Струга се одржува „Македонскиот Енергетски Форум 2018“

Во рамките на форумот  свое обраќање ќе имаат премиерот на Република Македонија Зоран Заев, Амбасадорот на САД Џес Бејли, и други високи функционери.

– Форумот е делен на 5 панели, со презентации и дискусии за предизвиците на енергетиката во Македонија и регионот. „Енергетиката во светот во следните 20 години“, „Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија“, „Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан“, „Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас“ и „Патокази за енергетска политика во Република Македонија“ се само дел од темите на кои ќе дебатираат учесниците, информираат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари