Кошаркарите на Голден Стејт забележаа победа и на третиот натпревар од финалната серија во НБА плејофот против Кливленд и направија голем исчекор кон одбрана на шампионскиот трофеј. „Воините“ рано утрово се радуваа на триумф со 110:102 на гостувањето кај „Кавалирс“ и покрај тоа што домаќините добро го отворија мечот, а на полувреме имаа шест поени предност (58:52). Сепак, со подобра игра во вториот дел шампионите направија резултатска предност и сега се на само еден чекор до потребните четири победи. Со 43 поени, 13 скокови и седум асистенции Кевин Дурант беше најзаслужен за победата на Голден Стејт.
Извор: МИА
фото: aрхива
Strugaonline
Facebook Коментари