Синоптичарите предупредуваат – не’ очекува пеколно лето

- Македонија
671

Не’ очекува потопло лето во кое температурите, според најавите од синоптичарите, ќе ги надминат многугодишните просеци во некои делови и за над три степени. Особено отсапувања ќе има во текот на јуни. Според прогнозите, се очекуваат и периоди со исклучително топло и сушно време. Врнежите летово ќе бидат во рамки на просекот. Во целиот југоисточен регион на Европа температурите во текот на летото ќе достигнат натпросечни вредности. Во Република Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многодишните просечни вредности кое би било повеќе од три степени во североисточниот регион, а за останатиот дел од територијата до три степени. Најголемо отстапување на температурата на воздухот се очекува во текот на овој месец, покажуваат анализите на Управата за хидрометеоролошки работи.

MИА

Strugaonline

Facebook Коментари