Време: Денеска сончево и топло, за викенд нестабилно со дожд

- Македонија
752

Денеска во Македонија ќе биде сончево и топло време со умерен до засилен  јужен ветер. Кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 35 степени.  Во текот на викендот ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во сабота, а УВ индексот ќе има вредност 7.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари