Министерот Бектеши утре во Струга ќе ја отвори Панел дискусијата „Енергетска политика во Република Македонија“

- Локални, Македонија
702

Министерот за економија Крешник Бектеши на 8 јуни (петок) ќе учествува на Панел дискусијата на тема: Енергетска политика во Република Македонија, во рамки на Македонскиот енергетски форум 2018, кој се одржува во х. „Изгрев“, Струга. Клучното и водечко мото на Македонскиот енергетски форум 2018 е „Решенија во енергетиката денес – алтернативи за иднината“, а форумот е поддржан од АД Електрани на Македонија, Владата на Република Македонија и ЗИП Институт.

Strugaonline

Facebook Коментари