Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби – 2018“ ќе се одржи од 5 до 7 јули 2018 година во Струга, Охрид и Вевчани. Oва е планираната програма:
Четврток, 5 јули 19,00 ; НУ Библиотека „Григор Пеличев“ – Охрид; Промоција на двојазичната книга „Соѕвездие“/„Сазвежђе“ на македонски и српски писатели на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија. За македонско српското пријателство на „БРАН“ и „Седумка“, краток осврт на Петко Шипинкаровски и Љубиша Симиќ.
Промотор: Проф. др Христо Петрески, модератор: Тоде Илиевски
21:00 Струга, хотел Београд – Струга; вино, музика и поезија
Петок, 6 јули 10:30 Градоначалникот на Општина Струга Г-дин Рамиз Мерко ќе ги прими наградените автори Виктор Шеќероски, Никола Шимиќ Тонин, Јордан Ѓорчев, Љубиша Симиќ, Елена Пренџова и Владимир Плавевски
12:00 Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.
-Книжевно музички перфонанси со Мојца и Петер Андреј – Словенија
-Доделување на наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година
Промотори: Тоде Илиевски и Мерсиха Исмајлоска
Наградите ги доделуваат Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески
-Доделување на наградата „Книжевна далга“ на добитникот Виктор Шеќероски за 2018 година. Реч за добитникот: Христо Петрески
Наградата ќе ја додели претседателот на Културниот центар „Бран“ и главен и одговорен уредник на „Бранувања“ Петко Шипинкаровски
17:30 Вевчански извори – Вевчани ; Поздравна реч на учесниците на „Струшките книжевни средби од Сашо Јанкоски – градоначалник на Општина Вевчани
-Поетски хепенинг -Претставување на членовите на Друштвото на писателите „Седумка“ Фракфурт на Мајна, на ХKД Задар – Хрватска, a потоа, настапуваат сите учесници на фестивалот „Струшки книжевни средби – 2018“ со читање песни од своето творештво Модератор: Мишо Китаноски
19:00 Црква Св. Никола – Вевчани -Промоција на книгата „Молитвеник од предходниот живот“ од Сузана Мицова , Промотор: Тоде Илиевски
-Доделување на наградата, „Струшко слово“на добитниците за 2018 година Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев од Македонија
Реч за добитниците на наградата Васил Тоциновски и Христо Петрески
21: 00 Пупинова куќа, Под вевчанското ведро небо – Книжевно музички перфонанси со Мојца и Петер Андреј – Словенија, поетите читаат песни од своето творештво.
Сабота, 7 јули 10: 00 часот: Посета на селото Белчишта, средба со градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, истовремено и разгледување на Колонијата за ликовна уметност и Ликовната галерија во с. Белчишта. – 11:00 часот; Разгледување на природниот резерват Сини Вирој. – 12:00 часот; Посета на родната куќа и „Спомен собата“на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца. 13,00 часот: Етно хепенинг – „Традиционална македонска софра“(ручек за учесниците подготвен од жителите н селото, приредува градоначалникот на општина Дебрца Зоран. Ногачески).-Одјавување на манифестацијата со спонтан настап – читање песни на учесниците од своето творештво. Модератор: Веле Митаноски новинар публицист и литературен деец.
Strugaonline
Facebook Коментари