Време: Денеска сончево и топло, од утре дожд и грмежи

- Македонија
781

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има висока вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 36 степени. Од утре следува промена на времеснакта состојба, за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, околу пладне и попладне на места нестабилно со пороен дожд , грмежи и ветер.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари