Ќе се реконструира Заводот за нефрологија во Струга

- Локални
816

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во следните денови ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга. Освен покривот ќе се менуваат и вратите, прозорците, подовите, ќе се реконструираат и салите. Процедурата ќе се врши етапно, а службите ќе проценат за приоритетноста.

Инаку, во Заводот за нефрологија во Струга дневно на дијализа одат над 60 пациенти, а зградата е од 1985 година.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари