Во Охрид се одржа средба за подготовката на планот за управување со Охридското Езеро

- Локални
727

Во петокoт, во просторите на Општина Охрид се одржа состанок меѓу претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, и стручни лица од Општините на Струга, Охрид и Дебрца во врска со подготовка на план за управување со Охридското Езеро.

На состанокот беа дадени сугестии за изработката на планот со посебен фокус на критичните точки. Планот има за цел обновување и прогласување на Охридското езеро за заштитено подрачје и номинирање во Рамсаровата листа.

Strugaonline

Facebook Коментари