Франција е новиот светски шампион во фудбал

- Спорт
669

Франција е новиот светски шампион во фудбал откако ја совлада репрезентацијата на Хрватска на која и припадна сребрениот медал. Хрватите беа на чекор да испишат историја, но очигледно беше дека освен добрата игра, потреба е и среќа која вчера Хрватите ја немаа.

Најпрво автогол постигна Марио Манџукиќ, што беше подарена предност на Французите, Хрватска успеа да израмни, но потоа следуваше и пенал за Франција и почнаа да се нижат нивните погодоци за краен резултат 4:2.

Инаку, иако Хрватска го загуби финалниот меч против Франција, Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.

Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Светското првенство. А наградата за најдобар стрелец оди во рацете на Англичанецот Хари Кејн, кој постигна шест погодоци. Златната ракавица за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа од Белгија.
Strugaonline

Facebook Коментари