Лев банер Десен банер

Министерот Спасовски оствари средба со својот колега од Црна Гора

Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски денес во Охрид оствари работна средба со Мевљудин Нухоџиќ, министер за внатрешни работи на Црна Гора.

-Со министерот Нухоџиќ разговоравме за започнувањето на европскиот скрининг, особено во врска со поглавјето 24 – правда, слобода и безбедност. Генерално стана збор и околу натамошните заеднички напори во сузбивањето и борбата против организираниот криминал и тероризмот, како и поефективното менаџирање со миграциите, истакна министерот Спасовски.

На средбата беше ставен параф на Спогодбата меѓу Владите на двете држави за заедничка борба против трговијата со луѓе.
–  Трговијата со луѓе е криминал кој по својата форма и содржина е дел од она што го нарекуваме организиран и сериозен криминал. Оваа Спогодба има за цел подобрување на превенцијата, идентификацијата, заштитата, упатувањето и соработката за кривичните и други постапки и помогнато доброволно враќање на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе, истакна Нухоџиќ.

Извор: ОхридПрес

фото: МВР

error: