Tрадиционален собир во с.Ташмаруништа за „Илинден“ – ова е најавената програма

- Локални
1665

По повод празникот „Илинден“ и денот на Републиката,  утре во село Ташмаруништа ќе се одржи традиционален народен собир. Оваа манифестација за „Илинден“ негува традиција од 70 години. Манифестацијата ќе започне во 10:00 часот со полагање свежо цвеќе во село Драслајца, петнаесет минути подоцна свежо цвеќе ќе биде положено во село Ложани, а во 11:00 часот свежо цвеќе ќе биде положено на споменикот на двата Илинденда во с. Ташмаруништа.  Дваесет минути подоцна ќе се слушне биењето на црковната камбана за симболичен повик за востание. Потоа, пред присутните со свое обраќање манифестацијата ќе ја отвори Претседателот Благој Ѓорѓиев. Потоа ќе се обратат г-дин Стојан Ѓоршиев од ОМО ИЛИНДЕН, г-дин Тихомир Стојаноски како и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски.

Во 12:00 часот, со настапот на К.У.Д Дримкол од Вевачни ќе започне културно уметничката програма. Свој настап ќе има и младиот Методија Столески како и КУД Мислешево. За крај на културно-уметничката програма,пред присутните во с. Ташмаруништа ќе настапи Група Молика Јуниор.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари