Започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“ во комплексот „Village Вања Камчев“

- Локални
2314

Во среда на 1-ви Август свечено се отвори новото Бистро во комплексот „Village Вања Камчев“.

Работното време на ресторанот е од 11:00 до 20:00 часот, а на површина од 260 м2 располага со над 50 седишта за гости. Лоциран е на 250 метри од меѓуградската автобуска станица во комплексот Village Вања Камчев (поранешна фабрика „Отекс”).

Во вкусните квалитетни јадења и најниски цени уживаа голем број на жители и посетители на Охрид. На редовните ниски цени, првите купувачи во периодот од 12-16 часот имаа дополнителен попуст од 50%, а кафето беше бесплатно во текот на целиот ден.

Во текот на целиот ден редиците гости не се намалуваа, но подготвениот и услужлив тим на Бистро Village беше добро подготвен да ги услужи.

Од менаџментот на Бистро Village не информираа дека попустот од 20% на редовните цени продолжува во текот на наредниот период.

Во понудата има свежи салати, супи, чорби и готвени јадења, а за љубителите на слаткото има и убави десерти. Цените се навистина достапни за сечиј џеб, па за сума од околу 100 денари може да се добие супер оброк.

Бистро Village Ве поканува да ги пробате вкусните јадења по најниски цени, а воедно и да уживате во пријатниот амбиент на трговско забавниот комплекс Village Вања Камчев.

Комплексот „Village Вања Камчев“ има повеќе објекти и содржини распослани околу летната тераса со поглед на фонтана, сопствено шеталиште, клупи за одмор, цвеќиња и природа. Во склоп на комплексот се „Игротеката Вања“, хотелот „Village“, ресторан од висока категорија.

„Игротеката Вања“ се простира на 800 м2, нуди внатрешни и надворешни забавни активности за деца од сите возрасти. Опремена е во најмодерен стил со најомилените играчки и реквизити, и веќе една година е омиленото место за секојдневна забава, родендени и едукативни активности на нашите најмлади гостинчиња.

Новиот хотел „Village“ има на располагање 40 соби. Со модерниот, лесен дизајн, пријатното фоаје, ресторанот од висока категорија со тераса и поглед кон фонтаната и природата, хотелот нуди можност за опуштено уживање и дружење. Хотелот располага и со VIP сала за состаноци и конференциска сала.

Во склоп на Трговскиот центар се наоѓа и КАМ Маркет, најпосетуваниот маркет во Македонија. Трговскиот Центар е во план целосно да биде отворен наредната година. Со своите 12.000 м2 продажна површина, тој ќе биде најголемиот регионален трговски центар во нашата земја.

Понудата на нашиот комплекс „VillageВања Камчев“ сега ја збогатуваме со уште една содржина: новото „Бистро Вилиџ“! Бистрото има мало но слатко мени, како и висококвалитетни оброци. Убедени сме дека најслатки ќе Ви бидат неверојатно ниските цени, достапни за сечиј џеб. – информира менаџментот.

За првите посетители на  отворањето имаше дополнителен попуст од 50% на целата храна  во период од 12.00 до 16.00 часот, а  бесплатно кафе имаше во текот на целиот ден.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари