Тројца охриѓани кривично ќе одговараат за тешка кражба

- Локални, Хроника
826

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи од Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид.

– Пријавените, здружени заради вршење кражба, во периодот април-јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се здобиле со противправна имотна корист од 326.000 денари, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари