МЈП „Проаква“: Водата за пиење да се користи рационално, без злоупотреби

- Локални
783

Бидејќи високите температури продолжуваат и во наредниот период, од „МЈП Проаква-Струга“  апелираат до сите граѓани да не ја злоупотребуваат водата за пиење туку да ја користат најрационално за таа да стигне и до најдалечните места на нашата општина.

„Да потсетиме дека злоупотребата на водата за пиење е казнива по закон и нашите екипи се постојано на терен за утврдување на секој таков случај.“ – информираат од претпријатието.

-МЈП Проаква Струга од почетокот на оваа летна сезона ви стоела максимално на располагање од технички аспект, почнувајќи од набавката на нови пумпи па се до санирање на сите дефекти во најкраток можен рок за да се обезбеди вода за пиење до секое домаќинство и деловен простор. – стои во соопштението од МЈП „Проаква“ .

Strugaonline

Facebook Коментари