Лев банер Десен банер

15 Струшки пензионери учествуваат на републичките спортски натпревари во Радовиш

43 здруженија од Република Македонија обезбедија право на учество на натпреварите од одржаните регионални натпревари во регионите што се одржуваат во Радовиш.

Меѓу 43 –те здруженија  се и струшките спортски пензионери, предводени од претседателот на ЗП-Струга Милорад Трпоски, секретарот Изеир Мустафаи, претседателот на активот на жени Елисавета Лазареска и претседателот на комисијата за спорт при здруженијето,  Иван Хаџиев.

Здружението на пензионери од Струга, учествува  со 15 натпреварувачи и еден судија. Струшките пензионери учествуваат во следниве категории: фрлање на кош ( жени) во состав:Калајџиеска Оливера, Матоска Олга, Кузманоска Павлина и Ашталоска Полина.

Жени натпревар во пикадо: Симакоска Марија, Петрска Трајанка, Ацкова Мимоза и Беласка Борка. Жени во шах ќе се натпреваруваат: Балтоска Шенка,Чаторошкоска Надежда и Јованоска Љуба .Додека машката екепа ќе се натпреварува во пикадао и тоа: Младеноски Ристо, Спасески Томе, Петкоски Илија и Плушкоски Трајче. Републички судија во домина  е Настоска Љубица.

Текст и фото:Стојан Кукунешоски

Strugaonline

error: