Време: Сончево со мала до умерена облачност

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 23 до 33 степени. Утре претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има краткотраен локален дожд, а дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 31 степен.
Извор: УХМР
Strugaonline

