Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, успешно го заврши 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон.
Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум. Неговата желба беше со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри, беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција.
Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули.
Извор: ОхридПрес
фото:Никола Пиксон Кузмановски
Facebook Коментари