Регионална конференција од проектот „Подобри комисии за односи меѓу заедниците за подобри меѓуетнички односи” во Струга

- Локални
871

Секретарот на општина Струга,  Соња Стојкоска,  се обрати на денешната  регионалната конференција во рамки на проектот “Подобри комисии за односи меѓу заедниците за подобри меѓуетнички односи”.

Стојкоска истакна дека ги поддржува ваквите комисии и дека Општина Струга стои  на располагање за давање свој соодветен придонес за подобрување на меѓуетничките односи. Таа потенцираше дека добрите меѓуетнички односи во Струга се на високо ниво, и дека постојано се работи на нивно уште поголемо подобрување и остварување на сите предизвици поврзани со оваа тема, затоа што, како што рече,  тоа е иднината на Струга и на Македонија.

Проектот на локално ниво се спроведува од ЗРА „Аква“,  а е подпроект на Европската унија спроведен од невладината организација АДИ. На конференцијата се дискутираше за важноста на комисијата за меѓуетнички односи и предизвиците со кои истата се соочува.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари