Teатарската претстава „Ајде уште по една за роденденот“ премиерно во Струга

- Локални
827

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 25.09.2018 (вторник), со почеток во 19:00 часот, „Теактер студио“ од Куманово, премиерно, ќе се претстави пред струшката публика со драмата „Ајде уште по една за роденденот“.


Претставата „Ајде уште по една за роденденот“, е тежок трилер и тешка психолошка драма, која има многу силна порака. Во неа играат четворица кумановци – студенти на Факултетот за визуелна уметности „ЕСРА“ Скопје, Матеј Стојковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ и Мишо Димитривски, а режијата е на актерот Горан Илиќ.
Ова е четвртата претстава на „Теактер студио“, преку кои студентите-актери од Куманово се прeтставуваат пред публиката. Влезот за претставата слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари