Лев банер Десен банер

Премиера на краткиот игран филм „И(с)згубени“ на Антонио Велјаноски на Фестивалот „Браќа Манаки“

Во рамките на 39. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, утре ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „И(с)згубени“ на охридскиот режисер Антонио Велјаноски.

Велјаноски го напиша и сценариото за македонско-чешкиот филм кој е со должина од 15 минути. Камерата е на Владимир Димоски, а во главните улоги се појавуваат Jan Kačer и Marie Durnová.

Лош ден за Рудолф, осамениот 77-годишен пензиониран лингвист, кого почнува да го следи едно куче од кое не може да се отараси. Оваа средба конечно води до целосна и неочекувана промена во неговиот живот, споделуваат дел од содржината на филмот креаторите.

Премиерата е закажана за 20:15 часот.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

error: