Во рамиките на кампањата за меѓуетничка почит и спречување на говор на омраза во Струга, промовирано е видео кое беше подготвено во склоп на проектот „Активни граѓани за добро владеење” кој го спроведува Форум ЦСИД, грантист на проектот на УСАИД за граѓанско учество, со поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Струга секогаш била пример за соживот и добри меѓуетнички односи. Бајрам и Велигден секогаш се славеле заеднички, но сепак, низ годините ниту Струга не остана имуна на етнички и верски конфликти. За прашањата како влијае говорот на омраза, кој го предизвикува, кој има корист од тоа и како да се спречи, свои мислења споделуваат соговорници од различни возрасти, професии и етнички групи.
Погледнете ја целата содржина на ова видео кое испраќа порака за соживот, добри меѓуетнички односи и меѓусебна почит.
Strugaonline
Facebook Коментари