Патувачката изложба „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ утре пристигнува во Струга

- Локални
821

„Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ е насловена патувачката изложба на уметницата Дороти Пачкова, којашто од 1-ви октомври и во текот на целиот месец ќе биде прикажана во Охрид, Струга, Тетово, Штип, Битола и во Скопје. Поставката составена од 20 концептуални фотографии е поттикната од стигматизирачките, дискриминирачки и стереотипизирани навреди упатувани кон жените, посебно кон жените кои се самохрани мајки.
Стружани отворањето на оваа изложба ќе можат да го проследат точно на пладне во среда 3.10.2018г. во галеријата „Коџоман” .

Strugaonline

Facebook Коментари