Утре, (3-ти октомври) со почеток во 11:00 часот во Центарот за култура „Гргор Прличев“ во Охрид , актерки од НУ Народен театар Битола ќе ја одиграат детската претстава „Заборавените кукли“
Oваа театарска претстава, навраќа на неверојатни доживувања просто населувајќи го секого во детството: игрите коишто некогаш се играле, а сега се заборавени, зашто децата „комуницираат” на еден „антисоцијален” начин кој оттуѓува од дружењето и прави самодоволност во користењето на таблети, телефони, он-лајн игри, односно виртуелен свет чија карактеристика е себичноста, наспроти универзалната вистина за другарувањето и несебичната љубов со која преку вистинска игра ќе го пресоздаваат светот одново. И навистина, таа е и пораката: животот, сам по себе, нужно го донесува „растењето” и влегувањето во еден свет на возрасните каде „мора да се биде сериозен” и рационален за да се успее, но додека светот го држат рачињата на нашите родени и неродени деца, тој секогаш од нивната вродена добрина, повторно и повторно ќе се изградува во најубавото место за сите.
Авторка на текстот е Билјана Крајчевска, дипл. наставник и дипл. драматург во НУ Народен театар Битола.
Во претставата играат три дипломирани актерки од НУ Народен театар Битола: Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска и Маја Андоновска – Илијевски.
Strugaonline
Facebook Коментари