Бидете хумани, донирајте тестенини за семејствата од социјален ризик во Струга

Црвен Крст Струга во соработка „Здружение на професори по италијански јазик“ организираа хуманитарна акција за собирање на тестенини.
Под мотото „Заедно можеме повеќе“, а на иницијатива на Здружението на професори по италијански јазик ова хуманитарна акција се спроведува во неколку училишта во Струга, Охрид и Струмица. Целта е да се соберат тестенини што ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства за секој да има достоен оброк.
Акцијата ќе се спроведува утре, 16.10.2018 и во среда, 17.10.2018 година во просториите на СОУ ДР. Ибрахим Темо Струга каде ќе биде поставен пункт за донации.
Утре е светски ден на гладта, а од 16-ти до 22-ри октомври се одбележува Неделата за борба против гладта.
Будете хумани, затоа што секој заслужува достоен оброк.
Strugaonline

