Ученици од Италија ја посетија Општина Струга

- Локални
944

Денеска, Општина Струга беше домаќин на учениците од училиштето „Св. Митер Короне “ од Козенца, Италија. За време на посетата на општината и нашиот град, учениците имаа можност да се информираат за функциите кои што ги има општинската администрација и целокупното работење на истата. Учениците исто така беа информирани и за културното наследство на нашата земја и заштита на истото.

Посетувајќи го нашиот град, италијанските ученици имаа можност да направат споредба за функционирањето на институциите и нивните функции во општеството со нивната земја и нивниот град, како и да се запознаат со нашата култура уочувајќи ги сличностите и разликите кои ги имаат Македонија и Италија, односно Козенца и Струга.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари