Студенти по архитектура и дизајн од „Американ Колеџ“ ќе работат на семестрална задача во Струга

- Локални
711

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко заедно со архитектите на општина Струга одржа состанок со академскиот/наставниот кадар на факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје.

Целта на средбата беше запознавање на академскиот кадар со урбанистичките проблеми во градот Струга, бидејќи студентите  оваа година ја избрале Струга како локација за проект за семестрална задача.

Градоначалникот Мерко ги информираше за актуелните проблеми со кои се соочува општина Струга во областа на урбанизмот и административни пречки на централните институции, кои го попречуваат правилниот развој на градот.

Градоначалникот рече дека е отворен за нови идеи и предлози од квалификувани лица од областа на архитектурата и просторно планирање кои ќе придонесат за развојот на градот  Струга како туристички град, а исто така е подготвен да им помогне на учениците и младите аркитекти во нивните креативни иницијативи за доброто на градот.

Претставници од Универзитетот Американ Колеџ  истакнаа дека се фасцинирани од географскиот опсег и потенцијал на градот за понатамошен развој, и дека се оптимисти дека ќе има квалитетни проекти од страна н на студентите. Околу 80 студенти на архитектонскиот факултет во текот на семестарот ќе работат во различни локации низ градот за нивните семестрални задачи. Тие ќе работат идејни проекти за јавни објекти како што се градинките, основните училишта, спортски објекти , паркови и јавни простори, како и предлог-план за развојот на урбанизмот во Струга.

Ваквите состаноци ќе продолжат и ќе се финализираат со изложба на проектите на кои студентите ќе работат во текот на учебната година под менторство на професионални лица од таа област. На крај, најкреативните идеи ќе можат да се користат за подобрување на инфраструктурата и урбанизмот во градот.

Извор и фото: Општина Струга

Strugaonline

 

Facebook Коментари