„Рибари Охрид“ со говор на омраза и навреди кон РК „Струга“

- Локални, Спорт
3093

„Платеници на Наумче“, „Во сабота ве чека пекол“, Струшки „п…и“, „Струга, село“ – со ваков речник и расположение „Рибари официјален профил-Охрид“ го „најавуваат“ натпреварот што во сабота во салата Билјанини извори ќе се игра меѓу клубовите на Струга и Охрид во рамките на Супер-лигата. Овие натписи на „Рибари“ наидоа на осуда од стружани, познавачите и љубителите на ракометот.

Од наведените етикети, сосема јасно се гледа дека за жал спортот добива една многу неспортска димензија. „Рибари“ јасно искажуваат омраза и во фокусот не е спортски натпреварувачки дух, а јавноста е разочарана од ваквите провокации.

Oд друга страна, Струга и понатаму останува расадник на таленти кога станува збор за ракометот, и до сега никогаш немало неспортски и недолични пораки упатени кон ракометниот клуб на Охрид.

Strugaonline

 

Facebook Коментари