Сара Настеска заедно со семејството отпатува во Германија каде започнува лекувањето
Семејството на Сара Настеска од Охрид преку соопштение за јавност ги извести сите хумани граѓани дека Сара заедно со своите најблиски веќе е во Германија каде треба да и биде пресадена коскена срцевина, а донор е нејзиното помало братче Виктор Настески.

„Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.
На 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.
Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.“ – стои во соопштението од семјеството, каде се додава дека јавноста ќе биде информирана за сите новости.
Strugaonline

